Ве известуваме дека Министерството за надворешни работи на Индија во рамки на Програмата Indian Technical and Economic Cooperation (ITEC), за студиската 2016/2017 година, за државјаните на Република Македонија доделува 5 стипендии за тренинг курсеви.

Стипендиите се од областа на економијата, информатичките технологии, телекомуникациите, руралниот развој, обновливи извори на енергија и др.

Стипендиите кои ги обезбедува Владата на Индија ги покриваат трошоците за авионските карти и трошоците за престој.

Брошурата и апликацијата за тренинг курсевите за студиската 2016/2017 година, може да се обезбедaт тука.

Апликациите на пријавените кандидати, Министерството за образование и наука ги доставува до Амбасадата на Индија во Софија, најдоцна три месеци пред започнувањето на избраниот курс.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнат следниве услови:
- да се на возраст од 25 до 45 години;
- да имаат работно искуство за соодветниот или сродниот тренинг курс за кој ќе се пријават.

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следниве документи во три примероци:
- пријава за конкурс
- молба (со адреса и телефон)
- диплома за завршено високо образование (преведена од овластен судски преведувач и заверена на нотар)
- уверение за положени испити (преведено од овластен судски преведувач и заверено на нотар)
- уверение за здравствена состојба (медицински извештај во форма дадена на страна 5 од апликацијата потпишан од лекар/клиника/болница која е регистрирана во Република Македонија)
- Сертификат за познавање на англиски јазик (преведен од овластен судски преведувач и заверен на нотар) како што е наведено на страна 6 од апликацијата
- согласност од институцијата каде што е вработен кандидатот
- три фотографии (големина за пасош).

Изборот на кандидатите го врши Министерството за надворешни работи на Индија.

Пријавите и потребната документација се поднесуваат до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошко-технички развој, ул. “Св. Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје, (поранешна зграда на Нова Македонија – 14 кат), континуирано во текот на целата година, (во зависност од терминот на соодветниот курс).
Подетални информации можат да се обезбедат на контакт телефонот 3140-183.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook