Министерството за образование и наука на Република Македонија известува дека Израелската агенција за развој на меѓународна соработка – MASHAV во соработка со Меѓународниот образовен центар за обука и израелски власти за борба против дрогата и Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите нации објавува повик за учество на меѓународниот курс “Сеопфатна стратегија за контрола на дрогата – Израелски модел“.

Овој курс е наменет за стручни кадри, професионалци и претставници од државнитe институции кои работат во областа на превенција од дрога, третман и спроведување на законот.

Организаторот на курсот обезбедува ограничен број на стипендии за покривање на трошоците за програмата на курсот, каде се вклучени предавања и посети, исхрана и сместување, здравствено осигурување и трансфер од и до аеродром.

Курсот ќе се одржи од 26 јуни до 15 јули 2016 година во Меѓународниот образовен центар за обука во Ерусалим.

Заинтересираните кандидати може да го симнат формуларот за аплицирање и да добијат подетални информации на:
http://mashav.mfa.gov.il/MFA/mashav/Courses/Pages/default/aspx или на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апликацијата потребно е да се достави на адреса на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј,“ 54, 1000 Скопје, најдоцна до 6 мај 2016 година.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook