Врз основа на член 27 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” број 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16), Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови („Службен весник на Република Македонија“ број 55/10, 49/11, 50/15 и 59/16) и Правилникот за начинот на остварување на правото за сместување во ученички дом за учениците во спортска академија бр.20-6066/1 од 22.03.2016 година, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува

К О Н К У Р С
за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година


Во учебната 2016/2017 година во јавните ученички домови ќе се примаат за сместување и исхрана ученици од средното образование и тоа:

Реден број

УЧЕНИЧКИ ДОМ

ГРАД/ОПШТИНА

Број на легла

за учебната 2016/2017 година

Вкупно

за I година

за II година

за III година

за IV година

1

"Мирка Гинова"

Битола

273

76

62

75

60

2

“Лазар Лазаревски”

Велес

221

41

72

62

46

3

“Бранко Станоевиќ”

Гостивар

200

77

41

42

40

4

“Крсте П. Мисирков”

Кавадарци

100

40

30

15

15

5

“Проф. Мијалковиќ”

Куманово

120

30

30

30

30

6

“Митко Пенџуклиски”

Кратово

45

15

10

10

10

7

"Боро Менков"

Крива Паланка

84

30

20

19

15

8

“Св.Наум Охридски”

Македонски Брод

70

20

20

16

14

9

“Ванчо Питошески”

Охрид

125

36

47

22

20

10

“Кочо Рацин”

Свети Николе

106

46

20

20

20

11

“Димитар Влахов”

Струмица

86

18

24

24

20

12

“Браќа Миладиновци”

Струга

140

50

30

30

30

13

“Здравко Цветковски”

Скопје

396

90

76

108

122

14

“Д-р Панче Караѓозов”

Скопје

103

22

34

29

18

15

"Св. Наум Охридски"

Скопје

75

30

25

20

0

16

“Димитар Влахов”ЗРО

Скопје

90

25

25

20

20

17

“Партение Зографски”

Скопје

220

74

41

60

45

18

“Искра”

Штип

96

40

32

24

         0

 

• Приоритет при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Македонија.


I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година;
2. Да се државјани на Република Македонија;
3. Да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење;
4. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;
5. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

I. 1.

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици запишани во Спортската академија во Скопје, кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во Спортската академија во Скопје во учебната 2016/2017 година;
2. Да се државјани на Република Македонија;
3. Да се со место на живеење различно од местото во кое е Спортската академија и ако во местото во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кои ученикот е запишан.


I. 2.

Ученикот може да конкурира за сместување во ученички дом надвор од местото на живеење на ученикот и за ученик за кој во неговото место на живеење се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан, и тоа ако:

- има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт, за што доставува потврда од спортската академија во која е запишан,

- ученикот е член на национална спортска репрезентација по избраниот спорт, за што доставува потврда од националната спортска репрезентација во која е член, и/или

- родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување, за што доставува соодветен доказ од надлежен орган на управата.

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците, кои конкурираат во првиот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 29.06.2016 година до 08.07.2016 година во домот каде што бараат сместување.

Учениците, кои конкурираат во вториот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 22.08.2016 година до 30.08.2016 година во домот каде што има слободни места после првиот уписен рок.

Учениците кои од претходната учебна година престојувале во ученички дом, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 06.07.2016 година до соодветниот дом.

Учениците, кои од претходната учебна година престојувале во домот, а се упатени на поправен испит, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 31.08.2016 година до соодветниот дом.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Пријава;

2. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;

3. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);

4. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;

5. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);

6. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;

7. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

Потребните документи-обрасци (за точките 1, 4 и 7) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот.

III.1

За редовните ученици запишани во спортска академија:

1. Пријава;

2. Потврда од Спортската академија дека е редовен ученик (за ученици од втора, трета и четврта година средно образование, а учениците кои се запишуваат за прв пат во спортска академија оваа потврда ќе ја достават по уписот во спортската академија);

3. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

4. Доказ за државјанство на Република Македонија.

Потребните документи-обрасци (за точките 1 и 3) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот.

Учениците запишани во Спортската академија во Скопје кои конкурираат согласно точка I.2 од овој Конкурс дополнително доставуваат:

1. потврда од спортската академија дека ученикот има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт;

2. потврда од националната спортска репрезентација дека ученикот е член, и/или

3. доказ од соодветен орган дека родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување.

 

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ

Начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови.

Комисијата од член 10 став 2 на горенаведените правилници е должна да:

- утврди дали наставните планови и програми на кои се запишал ученикот-кандидат се изучуваат во општината од каде што доаѓа ученикот-кандидат (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби);

- за учениците запишани во спортска академија да изврши проверка дали во местото во кое живее ученикот не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан;

- изготви ранг-листа на пријавените кандидати со точно пресметани бодови (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби), при што максималиот број на бодови да изнесува 100, од кои кандидатот може да оствари најмногу 40 бодови за остварениот успех од претходните учебни години (за ученици од I година се зема остварениот успех од VI, VII, VIII и IX одделение), до 25 бодови за оддалеченоста од местото на живеење до местото на школување, до 10 бодови за примерно поведение на кандидатот од претходните учебни години, до 25 бодови за вкупно остварените приходи од потесното семејство на кандидатот (последна исплатена месечна плата, пензија или социјална помош на родителите-старатели на кандидатот и слично, во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика); Оваа ранг листа со целокупната доставена документација од сите кандидати да ја достави до Министерството ;

- изготви и достави до Министерството конечен список на примени ученици, на кои се добива одобрение-согласност од Министерството за образование и наука;

- изготви решенија со образложение за одбиените кандидати и истите да ги достави до кандидатите.

Резултатите од Конкурсот по првиот уписен рок ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 22.07.2016 година.

Резултатите од Конкурсот по вториот уписен рок ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 31.08.2016 година.

На домот може да му се издаде одобрение-согласност од Министерството за образование и наука за конечен список на примени ученици најмногу до три пати.

Учениците, кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Доколку предвидените места од II година, III година или IV година не се пополнат со ученици од соодветната година, истите може да се пополнат со ученици од I година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс, и обратно доколку предвидените места од I година не се пополнат со ученици, истите може да се пополнат со ученици од II година, III година или IV година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс.

Доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнат и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилник за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13).

Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2016 година.

 
 
Потребни документи:
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook