Врз основа на член 9 став 2 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013, 30/2013, 120/2013, 41/2014,  146/2015, и 30/2015) Министерството за образование и наука објавува:

    

Ј А В Е Н   П О В И К

   за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во   Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование


1. Услов за учество:

На Јавниот повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование*, право на учество имаат редовни студенти запишани на прв циклус на студии на првите три најдобро рангирани високообразовни установи, согласно Законот за високото образование, и кои последниот испит го положиле заклучно со јануарската сесија (не подоцна од 15 февруари 2016 година) и имаат просек од сите оценки над 9,50.

Студентите од точка 1 не треба да повторувале студиска година во текот на своето студирање. 
Под студентите од точка 1 се подразбираат студентите кои го немаат подигнато уверението за завршено високо образование на факултетите каде што не е предвидено полагање на завршна дипломска работа или студентите кои ги имаат положено сите испити, но ја немаат одбрането завршната дипломска работа на оние факултети каде е истата предвидена со студиската програма.
*Според последното рангирање спроведено согласно член 77-а од Законот за високото образование, први три рангирани универзитети се Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово.

2. Начин и рок на пријавување:

Студентот треба да достави потпишана Изјава за пријавување на Проектот “Патување за најдобрите студенти” со која одбира време и дестинација на наградното патување (согласно предвидените опции), чиј составен дел е и изјава за обработка на личните податоци на студентот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на следната адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установиво Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование“, најдоцна до 18.03.2016 година.

3. Права и обврски

Министерството и студентот кој остварил право на наградно патување, пред реализацијата на патувањето, склучуваат договор со кои ги регулираат меѓусебните права и обврски.

Во договорот особено се уредува дека студентот само во исклучителни случаи може да го откаже наградното патување за кое е избран, и тоа во случаи на: болест, за што доставува лекарска потврда, смрт на член на потесеното семејство, за што доставуваа соодветен доказ, како и за други итни и неодложни работи, за што проценува и согласност дава Комисија формирана од министерот. 
Студентот, кој од неоправдани причини не го реализирал наградното патување за кое бил избран, средствата уплатени за патувањето ги враќа на Министерството, а доколку не ги врати, за истото Министерството против него ќе поведе судски спор.

4. Доделување на награди:

Министерството за образование и наука јавно (на својата веб страна) ќе ја објави листата на студенти на кои им е доделено наградното патување најдоцна до 31.03.2016.

5. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.

Изјава за пријавување на Проектот “Патување за најдобрите студенти”

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook