Врз основа на член 34 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015 и 145/2015) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделени предмети на општинско, регионално и државно ниво во основно образование бр. 19-2252/1 од 05.03.2013, Министерството за образование и наука објавува

Конкурс
за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

 

Министерството за образование и наука објавува Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите.

Со поднесувањето на пријавата за акредитација, здруженијата на наставници треба да достават:

- документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија;
- Тековна сосотојба на здружението издадена од Централен регистар;
- Биланс на состојба и биланс на успех на здружението издадена од Централен регистар;
- Статут на Здружението на наставници;
- Правилник за организирање на натпреварите;
- Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставен предемет, временски период за реализација на натпреварот и одговорни наставници кои ќе бидат вклучени во организација и реализација на секој од натпреварите согласно законските прописи.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години почнувајќи од 2016 година.

Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници кои изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или научна област на која и припаѓа наставниот предмет, како и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по албански јазик и литература, турски јазик и литература и српски јазик и литература.

Право на учество на овој конкурс имаат Здруженијата на наставници и Сојузите на здруженија на наставници за следните наставни предмети од основното образование:

-ликовно образование,
-запознавање на околината,
-општество,
-историја,
-етика,
-граѓанско образование,
-природа,
-природни науки,
-природни науки и техника,
-хемија,
-физичко и здравствено образование,
-јазик и култура на Власите,
-јазик и култура на Ромите,
- јазик и култура на Бошњаците,
-етика на религиите,
-запознавање на религиите,
-класична култура во европската цивилизација,
-турски јазик,
-српски јазик и
-иновации.

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook