Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) ичлен 4од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри(“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15)Mинистерствотоза образование и наука распишува

 

Конкурс

за доделување на стипендии за студии од втор циклус од областа на филмската и музичката уметностна Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка за академската2016/2017година

 

1. Министерството за образование и наука за академската 2016/2017 година ќе додели 3 (три) стипендии на студии од втор циклус од областа на филмската и музичката уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

Да имаат завршеноакадемски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;

2. Да сеприменипрвпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2016/2017 година на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка;

3. Активно познавање на англискиот јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата;

4. Да не се корисницина стипендија од други даватели;

5. Да се државјани на Република Македонија.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  ·Пријава

· Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение запостигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство;

· Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2016/2017 година на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка;

· Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за студииодвторциклусод други даватели (заверена на нотар);

· Мотивациско писмо;

· Потврда за познавање на англиски јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата(TOEFL, IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје);

· Уверение за државјанство на Република Македонија.

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваат во оргинал или копии заверени на нотар.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендијата целосно ќе му бидат покриени трошоците за уписнина, а месечната стипендија ќе се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странствобр. 17-17545/1 од 16.11.2015 година (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Организацијата на Обединетите Нации).

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите, кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е најдоцнадо 20.08.2016 да ги достават потребните документи.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:

Министерството за образование и наука,

ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54

(Зграда на Нова Македонија)

1000 Скопје

(со назнака стипендии за студии од втор циклус на ФАМУ)

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата на кандидатот да биде прифатена од универзитетот-ФАМУ.

При еднаков број на бодови, предност ќе се даде на кандидатот кој остварил подобар успех оддодипломските студии.

Некомплетните документи и документите доставенипо крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:

Дарко Томовски, тел. +389 2 3140 183, e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Андреа Алексовски, тел. + 389 2 3140 185, e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook