Целта на Програмата за техничка соработка на МААЕ е да им помогне на земјите членки во развојот на сопствените програми за одржлива примена на нуклеарни техники во мирновременски цели.

Проектите кои се предлагаат до МААЕ треба да претставуваат интегрален дел на националните секторски програми, со цел да дадат директен придонес во општествено-економскиот развој на земјата. Проектните активности треба да вклучат апликативни нуклеарни техники, а резултатите од проектите да се наменети за крајните корисници. Проектите не треба да вклучуваат базични научни истражувања и лабораториска инфраструктура, за кои што МААЕ распишува посебна програма, во чии рамки може да се аплицира континуирано: http://www-crp.iaea.org.

Помошта на МААЕ се реализира преку обезбедување на експертски услуги во соодветната област, обука на кадри вклучени во реализацијата на проектот во реномирани центри во земји членки на МААЕ, симпозиуми, семинари, и набавка на нова или надградба на постоечката опрема.

Предлог - проектите треба да бидат во согласност со Програмската рамка за техничка соработка меѓу Република Македонија и МААЕ (Country Programme Framework ), односно од областа на :

• Унапредување на здравствената заштита со примена на нуклеарни техники во дијагностика и радиотерапија;
• Унапредување на инфраструктурата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност;
• Безбедност на храна;
• Примена на изотопски техники во различни подрачја (екологија, ветерина, геологија, хидрологија и т.н.)

Според правилата на МААЕ, за проектите кои ќе бидат прифатени за финансирање, земјата членка е должна да уплати во Фондот за техничка соработка на МААЕ 5% од вредноста на проектот (National Participation Costs), од кои најмалку 2,5% мора да бидат уплатени пред започнувањето на проектниот циклус (1 јануари 2018 година). Ова е важен предуслов МААЕ да започне со финансирањето на проектните активности.

Формуларот за пријавување на проектната идеја (National Project Document Template), како и сите потребни информации во врска со подготвувањето и пријавувањето на проектната идеја може да се најдат на веб страницата: http://pcmf.iaea.org (Useful Links: PCMF Reference Desk). Целта е проектната идеја да се презентира во куса форма, а проектниот документ да се изготви со експертска подршка од МААЕ, откако ќе ја помине потребната евалуација од страна на соодветното техничко одделение на МААЕ. 
Имајќи во предвид дека предлозите треба да бидат доставени до МААЕ најдоцна до 30 април 2016 година, крајниот рок за поднесување на истите до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и иновации – Канцеларија за врски со МААЕ е 22 април 2016 година.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Национален офицер за врски со МААЕ, електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел. 3140 186.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook