Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014,145/15 и 154/15), член 7 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:

КОНКУРС

за распределба на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири во 2016 година

1.Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири во 2016 година.  

2.Учество на домашни научни истражувачи на  меѓународни  научни собири се финансира по доставување на следната документација:

пополнета пријава 

доказ дека трудот е прифатен за усна или писмена (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;

согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научниот собир;

потврда за висината на патните трошоци;

потврда за висината на котизацијата и

апстракт од научниот труд. 

3.Научниот истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс. 

4.Право на доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат државните и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојните државни високообразовни установи, самостојните приватни високообразовни установи, јавните научни установи, мешовитите научни установи, приватните научни установи и самостојните истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5.Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи  на  меѓународни  научни собири се доделуваат во согласност со расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година. 

6.Државните и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојните државни високообразовни установи, самостојните приватни високообразовни установи, јавните научни установи, мешовитите научни установи, приватните научни установи и самостојните истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и технолошко-технички развој

бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54

1000 Скопје

7.Конкурсот започнува од 22.02.2016 и ќе трае заклучно со 20.11.2016 година. 

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:

Живко Колчакоски канцеларија 1406, тел. 076-485-046 и

Катерина Стефковска канцеларија 1406, тел. 076-485-047

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook