Почитувани,

Министерството за образование и наука ги отпочна активностите за спроведување на обемен тригодишен проект кој опфаќа реконструкција на сите средни и основни училишта во Република Македонија. За успешна реализација на овој проект, неопходна е непристрасна и реална оценка на физичките потреби на училиштата. Министерството за образование и наука врз основа на податоците добиени од сите Училишта ќе изврши проценка на потребите и ќе изврши физички увид на лице место. Проценката на потребите и приоритетите ќе се одвива во неколку фази согласно разработен систем за прибирање и обработка на податоците. Целата постапка целосно е објаснета во дописот до училиштата.

До прашалникот може да пристапите овде

Сите училишта што имаат подрачни училишта треба да го преземат формуларот подолу и да го достават во печатена верзија до подрачните, а потоа откако подрачните ќе ги пополнат податоците да го вратат прашалникот до централното училиште, кое треба да ги внесе податоците и за подрачните во електронскиот прашалник.

Верзија подготвена за подрачните училишта