ИНТЕРЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

 

Документи | Проекти | Донатори | Анализи | Најдобри Практики | Активности | Фото Галерија

 

Обврски на училиштето при спроведување на заеднички активности поддржани преку грант на МОН

Училиште што ја унапредува меѓуетничката интеграција во образованието

 

Постигнувањето на едно хармонично и мирно граѓанско општество, каде што сите етнички групи ќе бидат почитувани и ќе имаат еднакви можности, е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија. Тоа ги вклучува почитувањето на етничкиот идентитет и интересите на македонските граѓани, и подразбира целосна интеграција на сите граѓани во земјата.

Еден од сегментите во кој треба да се направат клучните промени е и образовниот систем, бидејќи намалената интеракција на меѓуетничките односи може да предизвика поголемо етничко оддалечување кое би резултирало со изолирање на етничките заедници кои живеат во Република Македонија.

Но, и покрај значителниот развој на образовниот систем во изминатите декади и високите стандарди во поглед на образованието на мајчин јазик, настаните се одвиваат во правец на кој треба да му се посвети внимание за да се избегне поголемо етничко оддалечување, предизвикано од недоволното знаење еден за друг и од намалената интеракција.

Интегрирано образование е нов модел на образование кој претставува пример за образование на децата и младината од сите етнички заедници во мултиетничка средина заради нивно подготвување за живот во мултиетничко општество. Овој образовен модел ги негува, ги охрабрува и ги интегрира во себе мултиетничките и мултикултурните вредности, образувањето и надградувањето како на учениците, наставниците и вработените во училиштата, така и на родителите и заедницата, преку негување на хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, градејќи притоа едно мултиетничко општество. Интенцијата на квалитетното интегрирано образование е градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

 

Резултати од јавниот повик за доделување на парични средства за организирање на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во основните и средните училишта

Листа на основни училишта

Листа на средни училишта