horizontal mk

 

Проектот Градиме Мостови – “Building Bridges Fund” (BB) отвора лесни можности за општините, учениците, наставниците, родителите и училиштата кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици.


Градиме Мостови - “Building Bridges Fund” (BB) е заеднички проект на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија, Владите на Швајцарија и Ирска и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и негова цел е да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.


Деталните информации за условите, како и кусиот и едноставен формулар за аплицирање, на англиски, македонски, албански, турски, српски, влашки, босански и ромски можат да се преземат подолу.

На кој јазик и да се пополнува формуларот, секогаш мора да се достави и преведена верзија на англиски јазик.
Тоа е поради фактот што за апликациите ќе одлучува мешано Советодавно тело составено од:


•    Н.Е. Нина Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје;


•    Н.Е. Воутер Пломп, Амбасадор, Амбасада на Кралството Холандија;


•    Арлинда Идризи, Советник за политички и економски прашања, Амбасада на Кралството Холандија;


•    Сафет Незири, Анастасија Трајковска, Георге Николов, Државни советници во МОН;


•    Реџеп Али Чупи, Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН;


•    Арбенита Исмани-Сакипи, Раководител на Сектор за меѓународна соработка, СИОФА;


•    Ирена Оровчанец, Советник, Агенција за остварување на правата на заедниците;


•    Един Хајдарпашиќ, Новинар / Уредник, ТВ 24 Вести


•    Тони Зен, музичар; Ребека, музичар/НВО; Венера Лумани, музичар;


•    Арно ван дер Пас, Виш координатор за меѓуетнички односи, Раководител на проектот „Градиме мостови“


Крајните рокови за аплицирање за грантовите кои се над 1.500 евра се 1 март, 1 мај и 1 октомври 2016 год. За грантовите под 1.500 евра може да се аплицира во било кое време.  

 

Пријавен лист за фондот „Градиме мостови“

Formulari për aplikim për Fondin “Ndërtojmë ura”

Prijavni obrazac za fond “Gradimo Mostove"

Building Bridges Fund Application

Пријавни лист за фонд „Градимо мостове“

Frãndzã ti aplicari ti fondul Adrãm apuntsã

Fondi „Tamirinaja purkja“

“Köprüler Kuruyoruz” Fonu

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook