На маргините на 63та сесија на Комисијата за опојни дроги одржана на 3 март во Виена, Владата на Република Северна Македонија во соработка со Владите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, невладината “Green Crescent” и УНОДЦ организираа настан на тема “Превенција без граници: Ефективни политики за справување на Балканот со дрога”. Земјите од регионот беа претставени на ниво на амбасадор, заменик министер и државен секретар, а на настанот учествуваа и експерти од областа, како и претставници на националните поглавја на граѓанската организација „Зелена полумесечина“.

Дискусијата се одвиваше околу сегашните иницијативи и политики за борба против дрогата, постигнатите успешни резултати во минатото како и начинот на натамошно делување. Учесниците на настанот се фокусираа на потребата да се посвети особено внимание на децата и средината во која растат. Беше нагласена важноста на политиките за превенција од дрога и нивното влијание насочени кон целокупната јавност, како и потребата за континуирана едукација на различни групи во општеството. Врската помеѓу успешна превенција од дрога и процесот на зачленување во ЕУ, исто така беше нагласена.


Учесниците потенцираа дека темата за превенција на употреба на дрога не може да се третира изолирано, туку во корелација со владеење на правото, сузбивање на трговијата со дрога и останати форми на криминал, обезбедување на границите, имплементирање на програми насочени кон младите како и достапност на третман, рехабилитација и реинтеграција на корисниците на дрога. Во панелот беа вклучени различни владини сектори, граѓански организации и УНОДЦ, со што беа опфатени сите аспекти на темата.

Програмата за адолесценти (Lions Quest Skills) предводена од УНОДЦ беше посочена како добра практика за социјално емоционално учење во училиштата за да се спречи употребата на дрога кај младите адолесценти со охрабрувачки резултати во Југоисточна Европа, каде се имплементира од 2014 од страна на УНОДЦ и фондацијата Lions Club, со што до денеска се опфатени 7,700 деца, 472 едукатори/тренери во 185 училишта, 5 земји и 40 градови и општини од регионот.

Покрај тоа, УНОДЦ ги поддржува земјите од регионот во борбата против употребата на дрога преку настани за градење на капацитети и други иницијативи насочени кон зајакнување на механизмот за справување со ова големо зло на денешницата. На пример, во Босна и Херцеговина иницијативата за семејни вештини на УНОДЦ - Силни семејства ќе биде спроведена во соработка со Организацијата за услуги во заедницата „Прославете го опоравувањето“ во Сараево со почеток во мај 2020 година. Во Албанија, УНОДЦ ја поддржа организацијата на првата тренинг работилница за Универзалната Програма за Третман (УТЦ) на почетокот на 2020 година, чија цел е зајакнување на националниот систем за третман на нарушувања од употреба на супстанци во согласност со меѓународните практики и ќе ја продолжи оваа работа.

Настанот на кој присуствуваа над 90 лица, заврши со дискусија за начините за зголемување на соработката на полето на намалување на користењето на дрога и важноста на напорите во оваа област.

 

photo_panelists.jpg