Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11), член 49од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013, 30/2013, 120/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016, 178/2016, 64/2018 и 20/2019).и член 2, став 1, алинеја 3 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 220/16), Министерството за образование и наука распишува:

Изменување на Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странствоод областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2019/2020 година

Во Конкурсот за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2019/2020 годинабр. 19-6603 од 12.05.2019 година, Прилогот: „Највисоко рангирани универзитети од областа на ликовната уметност„, се заменува со нов Прилог:Највисоко рангирани универзитети од областа на ликовната уметност, кој е составен дел на Конкурсот.