Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и министерот за економија, Беким Незири ги посетија најуспешните албански студенти и при што министерот Незири им додели признанија за нивните постигнувања.

Во своето обраќање, министерот за образование, Адеми истакна дека целта на денешната средба е да им се даде признание на истакнатите студенти на ДУТ и ЈИЕУ, но исто така преку нив да им се оддаде почит на основачите на овие две институции за високо образование на албански јазик.

“Овие универзитети се веќе воспоставени и од ден на ден докажуваат дека тие се институциите кои придонесуваат во општествениот и јавниот живот. Сакаме исто така да им оддадеме почит и на вашите професори, кои ви ги ставиле десетките во вашите индекси”, рече Адеми и истакна дека МОН ги поддржува студентите преку стипендии кои се доделуваат во неколку различни категории.

“Сакам да Ве информирам дека МОН на различни начини ги поддржува истакнатите студенти, и тоа преку стипендии за студирање на јавните и приватните универзитети во земјава, како и стипендии за студии во странство. Во тек е конкурсот за стипендии за различни категории на студенти кои студираат на универзитетите во земјата и апелирам до вас да аплицирате”, рече Адеми.

Присутните студенти беа задоволни од средбата организирана во нивна чест.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook