Делегација на Владата на Република Македонија составена од Заменик претседателот на Владата на РМ Муса Џафери, Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, Министерот за економија Беким Незири, Министерот за правда Аднан Јашари како и пратеници и други функционери, денеска го посетија Државниот универзитет во Тетово ( ДУТ) при што се сретнаа со раководството на универзитетот и со претставниците на Студентскиот парламент. На овој состанок, Министерот за образование Адеми нагласи дека МОН, односно Владата на Република Македонија донесе одлука за изградба на првиот студентски дом, кој ќе биде во рамките на ДУТ.
„ Денес со задоволство и со голема гордост дојдов тука да Ви ја соопштам одлуката на Владата на Република Македонија за изградба на студентскиот дом во Тетово, кој ќе биде за потребите на Државниот универзитет во Тетово“ истакна министерот Адеми. Студентите се фокусот на секој Универзитет и студентскиот стандард е основа за квалитетно образование и за креирање на идната водечка сила во секое општество, истакна Адеми.
„Токму затоа, почитувани студенти, за мене како министер за образование и наука, проектот на новиот студентски дом овде, на ДУТ, ми беше еден од врвните приоритети“ истакна тој, додавајќи дека со реализација на овој проект значително ќе се подобрат студентските стандарди и ќе се зголеми капацитетот на ДУТ.
„Со можноста за сместување на студентите кои ќе се создаваат со изградба на студентскиот дом, ДУТ ќе стане поатрактивен, не само за студентите од Македонија, туку и за студентите од регионот, Абанија и Косово“ вели Адеми.
Тој пред раководниот кадар на ДУТ и студентите истакна дека зајакнување на капацитетот на ДУТ е приоритет на Владата на Република Македонија.
„Исто така би сакал да истакнам дека не запираме тука, туку продолжуваме и понатаму со инвестиции во ДУТ. Ја усвоивме и одлуката за изградба на новиот објект за потребите на Медицинскиот факултет во ДУТ, објект кој значително ќе ги зајакне капацитетите на ова значителна установа за високо образование. Со оваа намена од буџетот на МОН се обезбедени 2.5 милиони евра “, истакна Адеми.
Тој ги повика студентите да аплицираат на конкурсот на МОН за добивање на стипендии од различни категории.
Во ДУТ, делегацијата на Владата на РМ присуствуваше на свеченото отвaрање на спортските терени во рамките на универзитетот.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook