Адеми го посети SEEU TechPark на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

 

Делегација на МОН и пратениците на Собранието на Република Македонија го посетија SEEU TechPark на ЈИЕУ во Тетово.  SEEU Tech Park во Универзитетот на Југоисточна Европа оваа година одбележува четири години од постоењето како институција, со што се овозможува успешно работење на Triple-helix и зајакнување на соработката помеѓу Универзитетот - приватниот сектор - и државните институции.
„Оваа успешна формула во развиените земји овозможува создавање на силни врски помеѓу академските институции, приватниот сектор (индустријата) и државните органи со цел создавање на можности за применети проекти, со цел да се развие економијата во земјата и воспоставувањето на R&D компании како формула за одржлив развој на приватниот сектор. Денес на светско ниво се инвестира повеќе во проекти кои ја поврзуваат академијата со бизнис секторот, со цел да се развијат проекти кои ќе имаат брзо влијание врз економиите на земјите. Triple-helix го најде своето финансиско место во фондовите на ЕУ и денес Хоризонт 2020 има буџет од 80 милијарди евра и COSME 3 милијарди евра за формирање на конзорциуми меѓу академијата, индустријата и владините органи. SEEUTechPark во ЈИЕУ не убеди дека дури и во нашите земји, соработката помеѓу Универзитетите- приватниот сектор и Владата, може да функционира и да даде многу добри резултати”, рече Адеми.
Тој понатаму истакна „Ме изненади фактот дека освен локални компании тука, исто така има и странски компании, а денес оваа институција има вработено повеќе од 50 тукушто дипломирани студенти или во фаза на дипломирање. Со посебен акцент сакам да го истакнам одделот за инкубација, каде што на студентите им се дава простор и бесплатни административни и интелектуални услуги со цел развивање на идејата во вистински бизнис. Она што го видов за време на презентацијата на студентите со конкретни бизнис идеи и можноста што SEEUTech Park им ја дава за да ги развијат во вистински бизнис, мислам дека тоа е единствена можност за младите. Силно верувам во креативноста на младите и можноста да се биде успешен во приватниот сектор, само нешто што треба да го направиме е да дадеме можности за реализирање”.
„Република Македонија и МОН оваа година поддржуваат start-up и спин-оф компании преку Фондот за иновации со што до сега успешно се склучени две компоненти кои ги финансиравме, start-up и спин-оф компании. До крајот на годината се очекува да заврши третиот инструмент, тој на финансирањето на акцелератори. Исто така, сакам да Ве известам дека МОН сега сериозно работи на изнаоѓање на најсоодветен модел за создавање на Државен Технолошки Парк во Македонија, кој ќе ги поддржи сите државни универзитети во Македонија и ќе воспостави посилна врска на соработката помеѓу универзитетите во земјата, како и на компаниите и МОН”, рече Адеми.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook