Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на свеченото отворање на научната конференција „Универзализмот, глобализацијата и правната држава“, која се одржа на Државниот универзитет во Тетово.

Во својот говор пред присутните, Адеми нагласи дека темата која ќе биде опфатена од страна на научниците е актуелна и важна за земјите во консолидација на демократијата или демократијата на земјите во развој, како што е и нашата земја. Затоа, од оваа конференција очекувам да произлезат заклучоци кои ќе му помогнат на нашето општество, истакна тој. Министерот Адеми рече дека организирањето на овие настани е доказ дека ДУТ сега веќе е интегриран со другите универзитети во земјата и придонесува за развојот на земјата и за Европските насоки и дефиниции.

Министерот пред академскиот кадар, студентите и пред присутните на оваа конференција, рече дека институционалната грижа за ДУТ нема да изостане. Буџетот на ДУТ за следната година значително ќе се зголеми односно, со буџетот за 2016 година ДУТ ќе биде втора институција по големината на буџетот во Р. Македонија.

„Буџетот на МОН, за 2016 година, ќе се зголеми за 809 милиони денари (или за 13 милиони и 200 илјади евра). Зголемувањето е во насока за платите , инфраструктурни проекти, опремување на лоборатории, учебници, спортската академија , академијата за наставници и други основи. Ова зголемување на буџетот на МОН се одразува и во буџетот на ДУТ (кој се обезбедува од МОН), за 2016 година, каде што ќе се бележи пораст од 1.707.602 евра, во споредба со буџетот за 2015 година. Изразен во проценти, буџетот на ДУТ, за 2016 година, ќе се зголеми за 32 % во споредба со буџетот за 2015 година. ДУТ, во 2016 година, ќе биде втор универзитет кој ќе управува со буџет веднаш по Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2015 година, ДУТ беше рангиран на четвртото место за искористување на буџетот наменет за високото образование, за функционирање и реализирање на научната - образовна дејност (по Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и Универзитетот „Гоце Делчев " во Штип).

Во делот на капиталните инвестиции, инвестициите за ДУТ, за 2016 година се бележи зголемување од 815.661 евра во споредба со инвестициите во 2015 година, односно пораст од 100%. Така што ДУТ е единствен јавен универзитет во Република Македонија, каде што може да се бележи зголемување на финансии во буџетската програма наменети за капитални инвестиции“, истакна Адеми.
Сите наши активности во наредниот период ќе бидаaт во функција на обезбедување на квалитет и институционално унапредување на Албанците, нагласи Адеми, најавувајќи основање на два факултети во рамките на овој универзитет.

„ДУТ има клучна улога во едукација на новите кадри во различни области. Следејќи ги потребите на пазарот, потребите на студентите и потребите на академскиот кадар во целина, Министерството за образование и наука во соработка со раководството на универзитетот донесоа одлука да се формираат два нови факултети и тоа: Педагошки факултет и Земјоделски факултет. Овие два факултети за прв пат ќе се отворат тука и ќе играат важна улога во образованието на албански јазик. Оваа одлука произлезе од деталната анализа и од потребата на нови стручни кадри во овие области “, истакна Адеми.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook