Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и премиерот Никола Груевски го посетија новоформираниот Институт за филм - Филмска академија Охрид каде минатата седмица официјално започна наставата во првата година од постдипломските студии на катедрите по сценаристика и драматургија и по креативна продукција.

За време на посетата присуствуваа на предавање организирано за студентите по сценаристика, кое го водеше режисерот Иво Трајков, инаку професор и член на Сенатот на Универзитетот ФАМУ во Прага.

Институтот за филм во Охрид е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој е плод на повеќегодишната соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Владата на Чешката Република и ФАМУ - престижната филмска и телевизиска школа на Академијата за сценски уметности во Прага. Студиските програми се тригодишни и се изведуваат на англиски јазик. Истите се прилагодени специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ, петтата најстара филмска школа во светот.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook