Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ја посети „ДТК Смарт - тек“ која е една од 16-те компании кои добија грант од првиот повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој.

„Врз основа на договорот којшто Министерството за образование и наука го има во однос на користењето на овие средства потпишано со Светска банка околу 10 милиони евра им стојат на располагање на компаниите. Согласно динамиката и политиките на Фондот за иновации во следниот период ќе има етапно објавување на дополнителни огласи по различни инструменти, рече Ристовски.

Според заменик-министерот за образование и наука, иновацијата на „ДТК Смарт - тек“ е потврда на она што Владата преку Фондот за иновации го реализира во насока на развојот на иновациите. Тој ги повика сите заинтересирани иноватори да ги искористат можностите што им се нудат преку Фондот за иновации и технолошки развој и да ги реализираат своите идеи.

Првиот повик кој беше наменет за старт ап и спин оф компании беше објавен во февруари, а во јуни беа потпишани договорите со 16-те избрани компании. За овој повик беа обезбедени 458 илјади евра.

„ДТК Смарт-тек“ е спин оф компанија која е основана од група професори на Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје и која досега успеа да направи компјутерски систем за енергетска ефикасност наменет пред се за индустриските капацитети. За реализација на нивната иновација добиле 26,5 илјади евра од Фондот за иновации. Уредот ги снима сите релевантни параметри на електричната енергија и преку направена анализа се идентификува проблемот кој е најголем причинител за зголемената потрошувачка на струја.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook