Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја посети лабораторија за генетика инсталирана на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола. Ристовски рече дека лабораторијата која е дел од проектот на Владата на Република Македонија за опремување на лаборатории за научно –истражувачка и апликативна дејност, е значајна за Универзитетот „Св.Климент Охридски“, за градот Битола но и за цела држава бидејќи освен за научни цели, истата ќе биде во целосна функција и на стопанството во Македонија.

„Во оваа лабораторија ќе се вршат испитувања за потребите на стопанството во делот на генетски модифицираната храна и храна од животинско потекло, а ќе ја користат и државните институции, пред се Царината и Агенцијата за храна и ветеринарство кои во делот на увозот на храна во Македонија, претходно ќе го проверуваат квалитетот на увезената храна и од лабораторијата ќе добиваат квалитативна потврда за храната што ќе треба да се увезе. На овој начин лабороторијата ќе има комерцијален бенефит, а граѓаните ќе бидат сигурни за квалитетот на храната што се увезува во Македонија“, рече Ристовски.

Ректорот на УКЛО, Сашо Коруносвки, истакна дека лабораторијата за генетика е доопремена со потребната опрема, тимот од лабораторијата ќе се обучува во Институт за хигиена и контрола на месо во Белград, со што може да почнат активностите за нејзината акредитација.

За време на посетата на Битола, Ристовски апелираше до научните работници да ја искористат можноста која ја нуди Министерството за образование и наука за доделување на научни и творечки субвенции.

„МОН ги објави конкурсите за научни и творечки субвенции. Огласот за творечки субвенции е отворен до 31 декември, а огласот за научни субвенции ќе биде отворен до август следната година. Апелирам до сите научни работници во Република Македонија кои работаат на свои трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание или импакт фактор да аплицираат за добивање на субвенција во висина од 500 евра. Досега како МОН доделивме повеќе од 800 субвенции за научни и творечки трудови објавени во меѓународни списанија со импакт фактор“,рече Ристовски.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook