Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование и спорт на Република Албанија остваруваат долгогодишна континуираната и плодна соработка во областа на образованието и науката. Оваа соработка беше и официјализирана со потпишување на Договорот за соработка во областа на образованието и науката меѓу двете земји, во Валона, на почетокот на јули оваа година.

Советот на Министри на Република Албанија, донесе Решение бр. 638 од 22.07.2015 година „со кое ги предвиде квотите за запишување во јавните високо образовани установи во програмите од прв и втор циклус на универзитетски студиски програми и интегрирани програми од втор циклус за академската 2015/2016 година“

Врз основа на Упаството бр. 47 од 02.11.2015 година од Министерство за образование и спорт на Република Албанија за процедурите и условите за запишување на кандидати на студии од втор циклус во јавните установи во Република Албанија за академската 2015/2016 година, за студентите од Република Македонија се предвидени вкупно 186 слободни квоти за запишување на втор циклус студии, од кои 100 за академски студии и 86 за стручни студии.

Подетални информации за аплицирањето и услови за упис, може да се најдат на следниот линк:

http://www.arsimi.gov.al/files/userfiles/arsimilarte/urdheraudhezime/Udhezim_47_troje.pdf

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook