Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на манифестацијата Денови на доживотно учење, која по 12ти пат се организира со цел да го промовира концептот на доживотно учење, како учење и образование кое се стекнува во текот на целиот живот, независно од возраста, полот, етничката припадност. 

„Преку овие кампањи со бројни настани се насочува вниманието на јавноста кон значењето и улогата на учењето и се влијае на подигнување на свеста на граѓаните за тоа, доколку континуирано се образуваат и надградуваат ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Во тој контекст, доживотното учење претставува моќна алатка за намалување на невработеноста, градење на култура на учење и општество базирано на знаење“, рече Адеми.

Во рамки на манифестацијата Денови на доживотно учење која  започна да се реализира во 2002 година,  се организира програма која се состои од различни форми на настани и тоа конференции, работилници, културни случувања. 

„Уште во 2003 година, на првите регионални Денови на доживотно учење во југоисточна Европа, кои се одржаа во Скопје, министерството за образование и наука ја потпиша Декларацијата за образование на возрасни, доживотно учење и вработување. Со тоа, министерството заедно со сите ресорни министерства од земјите од југоисточна Европа, се обврза дека ќе се залага за развој на образованието на возрасните и промоцијата на доживотно учење. Донесувањето на законот за образование на возрасни во 2008 година и основањето на Јавна Установа Центар за образование на возрасните, која од 2009 ги креира и имплементира политиките за образование на возрасни, се доказ дека Македонија навистина посветено работи и делува на овие полиња“, рече Адеми. 

Во текот на 2014 – 2015 година, министерството верифицираше над 80 програми за реализирање на програмите за образование на возрасни во разни установи, институции, компании. Поради големиот  интерес на населението за доживотното учење, оваа манифестација во изминатите неколку години освен во Скопје, се одржува и во други градови.

„Во оваа прилика во името на Владата на Република Македонија, би сакал да им се заблагодарам на организаторите на оваа манифестација: Центар за доживотно учење и Јавна Установа Центар за образование на возрасни, како и на останатите партнери кои организираат настани во рамките на оваа манифестација. Исто така, ја поздравувам идејата на ДВВ Интернационал за иницирање на ваква кампања, преку која и Република Македонија одржува чекор со европските трендови на промоција на доживотното учење. Особена благодарност би сакал да упатам до ДВВ Интернационал од Бон, Германија како главен финансиер, кој уште од самиот почеток финансиски го поддржува овој настан, а со своето присуство и работа во Република Македонија, цели 17 години дава придонес кон развојот на образованието на возрасните во нашата земја.  Поддршката на Сојузна Република Германија е од исклучително значење за напредокот на нашата земја и нејзиното приближување до Европската Унија“, рече Адеми.

Покровител на Деновите на доживотно учење е  Министерството за образование и наука.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook