Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот општина Радовиш Сашко Николов , денеска поставија камен темелник на нова училишта зграда во село Покрајчево.Ристовски рече дека инвестициите во образовната инфраструктура ќе продолжат, бидејќи е важно да има современи услови за едукација на учениците без разлика дали станува збор за поголемо или помало место.

„Ние како министерство и Влада ќе продолжиме со нашите инвестициони активности во следниот период. Во оваа прилика би сакал да информирам дека досега реконструирани и санирани се над 350 училишни објекти во Република Македонија, а 70 се комплетно изградени, сосема нови училишни објекти, со што потврдуваме дека како Влада и понатаму образованието е наш врвен приоритет, посебно ако имаме во предвид дека до пред 2006 година речиси на една рака можеше да се избројат новите училишни објекти, а за речиси не цели девет години имаме 70 сосема нови објекти“, рече Ристовски.

Ристовски потенцираше дека согласно акцискиот план за 2015 година ќе се реализира реконструкцијата на предвидените 45 училишта, а во првата половина на 2016 година предвидено е да се реконструираат и санираат уште 15-тина и да се изградат четири нови модуларни училишта, во четири населени места во Република Македонија.

Изградбата на новата училишна зграда во село Покрајчево, чини над 4,5 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Радовиш. Основното училиште ќе има три училници, во кои наставата ќе ја следат 36 ученици.

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook