Директорот на Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ, г-дин Мајкл О’саливан и директорот на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, г-ѓа Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска потпишаа договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки за учениците во основно образование од седмо до деветто одделение. Во оваа прилика Адеми истакна дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација на наставните програми подготвени од Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ. Наставата по „математика“ и „природни науки“ , која започна во 2013 година, успешно се реализира од прво до шесто одделение, и дава исклучително позитивни резултати.

„Денска таа соработка овозможува во целост да го заокружиме процесот во основното образование, преку потпишување на нов договор, кој предвидува преминување на следното имплементациско ниво на реформата, односно воведување на наставни програми по „математика“ и „природни науки“ за учениците од седмо до деветто одделение, кое ќе започне во учебната 2016/2017 година“, рече Адеми.

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, во 2013 година го потпишаа првиот договор за соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, по што оваа крупна реформа прифатена од 160 земји и над 9 000 училишта, се имплементираше и во Македонија со воведување на новите наставните програми по „математика“ и “природни науки“ на национално ниво, првично за учениците од прво до трето одделение, а во следната фаза и за учениците од четврто до шесто одделение.

„Значењето на оваа реформа, е што со нејзиното имплементирање се воведува поголема интеракција во наставата, се развива самодовербата и критичкото мислење кај учениците, со што тие сами успеваат да дојдат до заклучоци и решенија на поставените задачи. Наставните програми и учебниците адаптирани на нашите национални особености и публикувани на македонски, албански, турски и српски јазик, се алатка која им помага на наставниците да ги насочуваат децата на логичко размислување. Како и наставниците кои предаваат од прво до шесто одделение, обука за успешна реализација на програмите по „математика“ и „природни науки“, ќе поминат и нивните колеги кои по Кембриџ програмата од наредната учебна година ќе им предаваат на учениците во седмо, осмо и деветто одделение“, рече Адеми.

Заблагодарувајќи му се за соработката на директорот на Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ, Адеми рече дека со воведувањето на оваа реформа во образованиот систем, им се даде шанса на нашите ученици да учат по истите наставни програми и учебници по предметите „математика“ и „природни науки“ како и нивните врсници од Велика Британија.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook