Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска потпиша Анекс на Меморандумот за соработка и разбирање со директорот на Jes мрежата Ѓорѓи Кушевски, и со УСАИД. Адеми истакна дека со потпишување на овој документ се потврдува успешната соработка со Jes мрежата која трае веќе пет години. Целта на соработката е да им се овозможи на што е можно поголем број ученици од средните училишта и младите невработени лица од 15 до 27 години, да се стекнат со вештини за вработување.

„За овие пет години се отворени повеќе Центри за кариера, кои функционираат во средните училишта во повеќе општини во Република Македонија, а над 180 наставници беа обучени да спроведуваат кариерно советување. Програмата Кариерно советување, како што е познато на сите, поставува систем за кариерно советување на учениците во средните училишта. Ова советување им помага на учениците да ги идентификуваат нивните интереси, да ги земат предвид нивните способности и можностите на пазарот на труд, да подготват индивидуален кариерен план и да донесат издржана одлука за нивниот избор за кариера. Од оваа програма до сега придобивки имаат 287 ученици преку индивидуално кариерно советување и 565 ученици ја следат преку слободните часови“, рече Адеми.

Помошта која во областа на образованието ќе ја обезбеди Мрежата Jes во селектирани општини во Република Македонија ќе се состои од изготвување на програма за подготовка за вработување и работа за средните училишта за да им се помогне на младите да најдат и да ја задржат работата и нејзино прилагодување за инклузија на ученици со посебни образовни потреби во јавните средни училишта и имплементација во училишта за ученици со посебни образовни потреби.

„Исто така ќе се изготви и примени програма за учење преку работа за училиштата за стручно образование и обука и нејзино прилагодување за инклузија на ученици со посебни образовни потреби во јавните средни училишта и имплементација во училишта за ученици со посебни образовни потреби, за да се обезбеди практиканство, ученичко претприемништво, набљудување на работното место, посети на компании, итн., со цел стекнување вистинско работно искуство за младите луѓе“, рече Адеми.

Адеми додаде дека ќе се основаат и нови Центри за кариера во 52 училишта, од кои четири училишта за ученици со посебни образовни потреби, три во Скопје и едно во Штип.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook