Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, денеска беше во посета на Ликовната академија во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. При оваа посета, Ристовски на студентите им најави дека од наредната година на Ликовната академија ќе се отвори нова катедра по вајарство, како и дека се зголемува тимот на професори од Русија и Украина со тројца нови со што на академијата ќе предаваат петмина.

„ Заедно со Акaдeмијата и универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе ги отпочнеме подготовките за изработка на посебна програма, која што потоа би се акредитирала, а следната година би стартувала. Tоа е посебната катедра за вајарство, со што потврдуваме дека интересот на универзитетот и на Владата е во насока на развој на оваа Ликовна академија. Продолжуваме со целосен интензитет, се со цел да обезбедиме високо ниво на квалитет на студенти, кои што ќе дипломираат на оваа Академија и од кои што Република Македонија ќе има исклучителен бенефит во делот на уметноста“, рече Ристовски.

Ректорот на УГД Блажо Боев истакна дека ќе продолжат со активности за развојот на Ликовната Академија , на која оваа учебна година се запишаа 11 нови студенти. Според деканот на Академијата, покрај катедрата за вајарство, во наредниот период предвидено е да се подготват уште две нови програми- за моден дизајн и пејсажен дизајн.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook