Министерството за образование и наука за околу четириесет дена ќе распише јавен повик со кој ќе додели финансиска стимулација, еден вид субвенција наменета за средните стручни училишта во Република Македонија. Субвенцијата ќе биде во насока на интензивирање и формирање училишни компании и за иновативни проекти во средните стручни училишта, изјави денес заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој ги посети трите реални училишни компании кои функционираат во рамки на средното стручно училиште „Здравко Цветковски”.

“Со ова како Влада ставаме фокус на развојот на средното стручно образование како еден од одговорите на потребите на пазарот на труд. Висината на износот на оваа финансиска стимулација ќе биде 20 илјади евра по училиште или доколку две или три училишта се спојат со една единствена заедничка идеја или заеднички проект за основање компанија или за иновативен проект, висината на финсиската стимулација ќе изнесува 30 илјади евра“, појасни Ристовски.

Ова, како што нагласи, го работиме заедно со Светска банка, во рамки на проектот за развој на вештини при Министерството во насока на модернизација на средното стручно образование, затоа што училишните компании помагаат за реализација на квалитетна практична настава за учениците, со што значително се унапредуваат нивните стручни компетенции и способности.

Заменик-министерот апелираше училиштата да се подготвуваат, да почне да се размислува креативно, да се подготвуваат идеите и иновациите и да бидат подготвени за да аплицираат до Министерството. Досега 11 училишни компании функционираат во различни области, најмногу во Скопје, но има и во другите градови низ државата.

“Ова училиште треба да послужи како пример за другите средни стручни училишта во Скопје и во Република Македонија. Со таквата активност се остваруваат и дополнителни приходи во училиштето“, потенцираше Ристовски.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook