Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска заедно со евроамбасадорот г-динот Орав и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Дарко Димитров одржаа прес конференција на која беше најавен карванот со инфо денови за европската програма “Еразмус плус“.

- “Еразмус плус“ е програма насочена кон зголемување на квалитетот и релевантноста на квалификациите и вештините. Програмата е отворена за студенти, професори, наставници, стажанти, волонтери, младински работници итн. Воедно, ги поддржува реформите во земјите учеснички за модернизирање на образованието и обуката, иновациите, вработливоста и претприемништвото. Од особено значење е употребата на информатичко комуникациските алатки, европските платформи за поддршка и вмрежувањето на корисниците, рече министерот Адеми.

Министерството за образование и наука, додаде Адеми, создаде одлична подлога за имплементација на оваа европска образовна програма во Република Македонија, континуирано спроведувајќи сериозни реформи на македонскиот образовен систем, во кој задолжителни компонентисе мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка.

- Секако, голема поддршка добиваме и од Националната агенција која е активно вклучена во делот на креирање политики, со што дополнително се истакнува европскиот контекст на образовните политики кои ги спроведуваме. Таа е задолжена за промоција и директно спроведување на европските образовни програми во Република Македонија, напомена Адеми.

Министерот за образование и наука ги повика сите заинтересирани, со креативни идеи и програми да аплицираат и да се вклучат во програмата “Еразмус плус“, со цел максимално да се искористат бројните можности кои таа им ги нуди на нашите граѓани.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook