Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на меѓународната научна конференција „Религијата и насилството”, во организација на Државниот универзитет во Тетово, во соработка со два престижни австриски универзитети.

- Во времето кога темите и дилемите во однос на улогата на религијата во политичките и глобалните случување присутни и кај нас, се толку присутни во сите форми на нашата секојдневна комуникација, одржувањето на оваа конференција има голема важност, рече Адеми во своето обраќање пред присутните.

Навистина, потенцираше Адеми, религиите, или како што се познати под терминот верите имале суштинска улога во сите фази на развојот на човековото општество.

- Од првиот човек на земјата, па до денес, религиите имале и се уште имаат доминантна улога во формирањето на човековиот идентитет, но исто така и во регулирањето на многу општествени системи. Религиите во суштина го исклучуваат насилството и криминалот, но факт е тоа дека тие често стануваат причина за криза и големо крвопролевање, додаде Адеми.

За жал, повлече тој, низ историјата, и денес, религиите се злоупотребуваат од страна на одредени луѓе и одредени општества со цел да се постигне политичка кауза преку насилни средства. 

- За жал, и денес светот продолжува да ги доживува крвавите војни што се случуваат на Блискиот исток каде што се инкриминирани монотеистичките религии и нивните секташки поделби. Албанците се единствен пример во светот за народ кој успеал да егзистира во хармонија со повеќе религии. Оваа карактеристика била присутна дури и во периодите кога религиите го дефинирале сето тоа што се однесувало во развојот на човечките идентитети, истакна Адеми.

Освен меѓусебната верска хармонија, рече министерот Адеми, Албанците покажаа солидарност и хуманост и со другите религиозни и етнички заедници, како што бил примерот на спасување на стотици илјади Евреи за време на Втората светска војна.

Во Македонија со години функционираат верските институции. Албанците и другите припадници на исламската вероисповед, нивните образовни и верски активности се тесно поврзани со установите на Исламската верска зедница, односно Медресата и Факултетот за исламски науки во Скопје.

- Овој факултет, по многу години функционирање е акредитиран од страна на Министерството за образование и наука, при што студентите имаат можност за стекнување на знаења и признавање на нивните дипломи. Министерство за образование и наука, оваа година издвои 65 илјади евра, а следната година ќе се издвојат 100 илјади евра. Се надевам дека овие средства ќе имаат влијание врз зголемување на квалитетот на студиите и нивното меѓународно признавање, рече Адеми, додавајќи дека со оваа директна помош на Факултетот за исламски науки во Скопје, повеќе нема потреба студентите да студираат на разни места, односно на блискиот исток каде што покрај безбедноста често стануваат плен и на пропаганда на различни увозници на култури неспоиви со албанската култура и несоодветна за овие простори.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook