Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на научната конференција „Општествениот живот на Албанците во Скопје и околината меѓу двете светски војни“. Во своето обраќање, Адеми истакна дека во периодот за кој станува збор на конференцијата, Албанците, но и другите несрпски народи, за жал биле угнетувани, потчинети и негирани од сите страни.

„Да се биде целосно анатемисан на национална перспектива во однос на асимилација, целата организација на општествениот живот на Албанците во Скопје и околината, се базирал околу исламските верски институции, кои колку што можеле придонеле, па дури и на национално ниво. Со оглед на овие вистински факти, ние како Министерство за образование и наука, оценивме дека е многу важно да се даде поддршка на оваа научна конференција, со цел да се појават и нови историски вистинити со што ќе се збогати историографскиот мозаик на Скопје“, рече Адеми.

Се надеваме дека ова ќе биде добра научна основа, со цел да се напише точно и коректно и ова поглавје од историјата на Албанците во Македонија, и дека само на тој начин ќе можеме да станеме конкурентни на пазарот на вредностите, додаде Адеми.

„Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје досега се покажа како сериозна институција во областа на научната дејност, не само во организирање на конференции, туку исто така и со бројни публикации на книги и научни списанија.Покрај оваа, институтот, често пати излезе и од националната рамка, соработувајќи со меѓународни институции, што говори не само за имиџот на овој институт, туку во целина за имиџот на Албанците во Македонија“, рече Адеми.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook