Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 10 годишниот јубилеј на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Честитајќи им го јубилејот на сите вработени и на студентите, додаде дека се надева дека УАКС ќе прослави уште многу значајни јубилеи.

Една од целите на Министерството за образование и наука е подобрување на целокупниот образовен процес, во основното, средното, високото образование, истакна Адеми.

„Овој универзитет, е потврда дека нашите напори се движат во вистинскиот правец. Да се добие образование, е основна задача на сите образовни институции, но привилегијата да се вложува во секој студент поединечно ја имаат академските граѓани кои своето образование го оформуваат на Универзитетот Американ Колеџ Скопје“, рече Адеми.

Министерот рече дека во текот на десет годишната работа, УАКС докажа дека е врвна високообразовна институција, чиишто студенти во своето портфолио имаат „отворена влезница“ за продолжување на образованието на најреномираните универзитети, како и за водечки места во компаниите во кои се вработуваат. Покрај интернационализацијата на наставните програми и стручниот наставен кадар, Универзитетот Американ Колеџ Скопје, има и значајна меѓународна соработка, со некои од најдобрите високообразовни институции во светот.

„Она што може да посебно да се истакне за УАКС е соработка со Мастрихт Факултетот за менаџмент, со што Универзитет Американ Колеџ Скопје стана официјален партнер на овој престижен универзитет за спроведување на Глобалната МБА програма на втор циклус студии (магистерски студии по бизнис администрација). Започнувајќи од академската 2015/2016 година, оваа програма ќе се спроведува во Скопје, со што на студентите ќе им се овозможи стекнување на двојна диплома од странска високообразовна институција“, рече Адеми.

Исто така, Универзитетот Американ Колеџ Скопје има склучено договори за соработка со универзитети од Европа и САД, со што на студентите им се овозможува стекнување на меѓународно искуство во текот на додипломските или постдипломските студии.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook