Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на Свечената академија по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, која се одржа во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

- Верувам дека сите ние ја паметиме возбудата од првото училишно ѕвоно и контактот со првиот наш учител, сите ние се сеќаваме на првиот контакт со бројките и буквите. Подоцна, свесни за вештините што во текот на образовниот процес сме го стекнале, ја оддаваме почитта кон нашите учители, оние што не внеле во светот на писменоста. Почит кон оние што не образуваа нас, но и генерации и генерации деца, предавајќи го знаењето од колено на колено, остварувајќи ја благородната просветителска мисија, рече во своето обраќање министерот Адеми.

Меѓународниот ден на учителите, додаде Адеми, беше прогласен во 1993 година од страна на УНЕСКО со цел да се оддаде почит на учителите на кои им е доверена најзначајната функции во општеството: воспитувањето и едукацијата на децата и младите, но и на возрасните во процесот на доживотно учење.

- Со тоа се продолжи традицијата на Интернационалата за образование формирана од 1966, која опфаќа 166 земји и 26 милиони образовни работници. Република Македонија е една од стоте држави што го прославува овој ден и се тоа покажува дека се приклучува на земјите чии приоритет е квалитетно образование, истакна Адеми, додавајќи дека нема голем број земји како што е нашата што можат да посочат на долговековната учителска традиција.

- Ваша света должност, потенцираше министерот, е да го продолжите процесот што веќе 23 векови успешно се остварува на македонска почва и со тоа да ја означите переспективата на прогрес заснован на знаење, да дадете визија на секоја млада единка за успешна лична и општествена иднина.

- Посочувајќи на важноста на улогата на учителската професија сакам да укажам и на фактот дека денес, со изменетите општествени односи, напредокот на техниката и изменетите улови на стекнување на знаењето, учителите се соочуваат со низа предизвици. Тие пред се се одразуваат во процесот на реформата во образованието која бара едуциран учител кој има стекнато современи вештини на користење на информатичката техника, добро познавање на детската психологија и неговите изменети интереси, примена на современи, интерактивни методи, умешност да се организира тимска работа и, секако, несебична посветеност, рече во своеото обраќање министерот пред присутните.

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, потенцираше Адеми, преземаа низа чекори за исполнување на овие услови: од покачување на процентот кој се издвојува од бруто домашниот приход, до опремување на училиштата и организирање на едукативни курсеви и курсеви за информатички вештини за наставниците, како и курсеви кои ќе ги обучат за пообјективно оценување.

- Не помалку значајни се инфраструктурните зафати во училиштата, реновирањето и изградбата на нови училишните згради, опремувањето со иформатичка и друга опрема, изградба на спортски сали, обезбедувањето на бесплатен превоз, обезбедувањето на бесплатни учебници итн. Сето тоа говори дека подобрувањето на квалитетот на процесот на образовани во Република Македонија е една од приоритетните задачи, додаде министерот Адеми.

Целта на Република Македонија, истакна тој, е да се доближи до европскиот образовен простор, да ги исполни европските стандарди и со тоа граѓаните на Република Македонија да се стекнат со споредливи знаења со оние во Европа.

- Длабоко убедени дека само со реално стекнати квалификации младите луѓе во иднина ќе можат да одговорат на софистицираните барања на професијата која ќе ја обавуваат. Ние нема да отстапиме од оваа намера без оглед на тоа колку реформите понекогаш се тешки и бараат дополнителен труд. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја успешна иднина. Токму затоа блиската соработка Владата и учителите ќе продолжи во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија на образованието на младите, рече Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook