Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на отпочнувањето со работа на новиот приватен универзитет „Визион“ со седиште во општина Гостивар.

- Меѓународниот Универзитет „Визион“ е приватна високообразовна установа со седиште во Гостивар. Универзитетот досега има добиено акредитација од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија, за вршење на настава на македонски, англиски и турски јазик, на сите факултети за двата циклуси на студии, со што оваа институција се стекна со статусот прва високообразована установа акредитирана на турски наставен јазик, во земјата и во поширокиот регион, истакна министерот Адеми.

Горд сум на основачот на Визион Универзитетот, истакна Адеми, кој за прв Ректор го назначи проф. д-р. Фадил Хоџа, кој во 2013 година од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, беше прогласен за научник на годината, во рамките на своите активности како долгогодишен професор и истакнат стручњак во својата област.

- Универзитетот пред само четири месеци доби и трајно решение за отпочнување со работа од страна на Министерството за образование и наука. Морам да напомена дека ова е првиот Универзитет во државата за кој се донесе Одлука од Владата за давање на одобрение за основање, додаде Адеми.

На Универзитетот Визион ќе функционираат пет факултети: Факултет за информатика со студиска програма Информатика, за четиригодишни студии на прв циклус, Правен факултет со студиска програма Правни науки, за четиригодишни студии на прв циклус, Економски факултет со студиска програма Економија, за четиригодишни студии на прв циклус, Архитектонски факултет со студиска програма Архитектура и дизајн, за тригодишни студии на прв циклус и Факултет за општетествени науки со студиска програма Психолошко советување, за четригодишни студии на прв циклус.

- Ме радува фактот што Универзитетот доби и акредитација за втор степен на студии, со што ќе им се овозможи на студентите на Визион Универзитетот, но и дипломирани студенти од други високобразовни институции, своето образование да го продолжат тука во просториите на најмладиот член на семејството на универзитети во Република Македонија, рече министерот Адеми, нагласувајќи дека Универзитетот веќе има склучено договори за соработка со 15 универзитети од земјата и странство, а дел од студентите доаѓаат и од странство, поточно од Турција, Косово, Азербејџан и Унгарија.

- Овој податок говори дека Универзитетот е меѓународно ориентиран, подготвен за соработка како со домашните, така и со странските високообразовани институции, што само посебе кажува дека во неговата работа ќе се имплементираат светските образовни трендови, потенцираше во своето обраќње министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
Ректорот на Универзитетот „Визион“, проф. д-р. Фадил Хоџа заблагодарувајќи се за досегашната поддршка, му врачи плакета за придонесот и соработата во високото образование на министерот Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook