Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија,
г-дин Ваутер Пломп. На оваа прва средба, министерот Адеми му го честиташе именувањето на г-дин Пломп - амбасадор во нашата земја, истакнувајќи дека добрата соработка во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина.

Министерот Адеми и амбасадорот Пломп позитивно ја оценија досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на образованието и науката, истакнувајќи ја пред се соработката во областа на високото образование, при што се оцени дека договорите кои ги имаат нашите универзитети со холандските дадоа позитивен ефект, но исто така има и можност нашите студенти да студираат во Холандија.

Министерот Адеми го информираше амбасадорот Пломп и за активностите и проектите кои се реализираат во Министерството за образование и наука, за приоритетите во програмата на министерството, за спроведувањето на Стратегијата за интегрирано образование, реформите во Педагошкиот факултет и модернизацијата на средното стручно образование.

Амбасадорот Пломп позитивно го оцени ангажирањето на министерот за зголемување на квалитетот во образованието, исто така потенцираше дека преку образованието полесно може да се пристапи до европските вредности но и да се подготват младите генерации за процесите на интеграција. Амбасадорот на Холандија се интересираше и за спроведувањето на проектот „Градиме мостови“ кој има за цел приближување на учениците од различна етничка припадност и меѓусебно познавање со што ќе влијае за отстранување на бариерите и стереотипите меѓу младите. Кралството Холандија ќе продолжи да го подржува Министертвото за образование и наука во спроведување на приоритетите кои имаат за цел интегрирањето на младите генерации во општеството, нивното знаење и потготвување на идните граѓани на обединета Европа.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook