Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсите за издавање на учебници за следните предмети: Иновации за IX одделение во деветгодишно основно образование, Иновации и претприемништво за I година на гимназиското и средното уметничко образование, Иновации и претприемништво за II година на гимназиското и средното уметничко образование, Иновации и претприемништво за III година на гимназиското и средното уметничко образование, Бизнис и претприемништво за IV година на гимназиското и средното уметничко образование, Јазик и култура на Власите (изборен предмет) VII одделение во деветгодишно основно образование, Јазик и култура на Власите (изборен предмет) VIII одделение во деветгодишно основно образование, Јазик и култура на Власите (изборен предмет) IX одделение во деветгодишно основно образование, Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VII одделение во деветгодишно основно образование, Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) VIII одделение во деветгодишно основно образование, Јазик и култура на Бошњаците (изборен предмет) IX одделение во деветгодишно основно образование, Географија за VI одделение на основното деветгодишно образование.

Отварањето на шифрите ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 Скопје, на 13 кат на ден 21.09.2015 година (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 13,30 часот.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook