Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на спортската сала изградена во рамките на ООУ „ Дитуриа“ во село Липково - општина Липково.
Инвестирањето во образованието останува еден од приоритетите на Министерството за образование и наука, и Владата на Република Македонија истакна во оваа прилика министерот Адеми, додавајќи дека инвестирањето во оваа општина и други општини ќе продолжат и во иднина.
„Денес сме тука да ја пуштиме во употреба оваа спортска сала, но наскоро ќе се промовира и втората спортска сала во рамките на средното училиште „Исмет Јашари“. Исто така и во иднина ќе продолжиме со реализација на други проекти во сите албански населени места, бидејќи приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Македонија е инвестирањето во образованието “ рече Адеми.
Спортската сала се протега на површина од 650м2, чини 24 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.
Министерот Адеми на сите ученици, вработени и на жителите од Липково им го честиташе пуштањето во употреба на новата спортска сала.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook