Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите студенти им го честиташе почетокот на академската 2015/2016 година и им посака многу успех во текот на студиите. По тој повод, Адеми ги посети Факултетот за исламски науки во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. На свеченоста на Факултетот за исламски науки, потенцираше дека со добивањето на акредитацијата од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, се решила долгогодишната потреба на факултетот, предавањата да се одвиваат по акредитирани наставни програми.

„Радува фактот што за верското образование ова учебна година се определиле триесетина студенти. Тие ќе бидат кадарот кој ќе ја шири филозофијата на Исламот, и кој ќе образува нови генерации по истите принципи. По завршување на образованието, како теолози ќе се вклучат во образовниот процес во нашата држава. Исто така, своето знаење ќе го пренесуваат и на учениците кои го посетуваат верското училиште кое под ингеренции на Исламската верска заедница“, рече Адеми при посетата на Факултетот за исламски науки.

На Државниот универзитет во Тетово, Адеми истакна дека Владата и Министерството за образование и наука во континуитет работат на подобрувањата на студентскиот живот преку обезбедување на солиден број на стипендии за поддршка на студентите кои ќе студираат на техничките факултети, доволно книги и стручна литература – книги од кои се образуваат на многу познати универзитети во светот. Исто така, следејќи ги принципите и препораките на Болоњскиот процес, МОН постојано иницира и поттикнува осовременување на студиските програми и нивно прилагодување на современите светски достигнувања. Со тоа се постигнува висок квалитет на образование на кадрите кои се едуцираат на универзитетите во Република Македонија и нивна конкурентност не само на национално туку и на европско и меѓународно ниво, додаде Адеми.

„Студирањето не е само стекнување на нови стручни знаења, тоа е процес на проширување на Вашите културни, социјални и општествени погледи и интереси. Искрено Ви посакувам и Ве советувам - во текот на студирањето да чекорите со ширум отворени сетила и желба и посветено да ги впивате сите информации и знаења околу вас. Со вашиот избор да имате универзитетска диплома помагате во процесот на модернизација на Република Македонија, но исто така и во процесот на привлекување на странските инвеститори чија одлука за инвестирање во голема мерка зависи од кадровскиот потенцијал на земјата. Секој инвеститор кој доаѓа во земјава има потреба да се потпре на кадар со солидно образование, спремен и отворен за нови знаења и предизвици“, рече Адеми на Државниот универзитет во Тетово.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook