Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на работната посета на Охрид заедно со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ го посети објектот на поранешната касарната, чија реконструкција е во тек, а каде е планирано да биде префрлена високообразовната установа.

“Целиот овој простор што е доделен на Министерството, предвидено е да биде доделен на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, во рамки на проектот за изградба на универзитетскиот кампус. Досега Министерството има инвестирано во овој објект повеќе од 40 милиони денари, а тоа е само завршување на првата фаза“, истакна Ристовски, појаснувајќи дека градежните активности продолжуваат со доуредување на објектот и инсталирање на системите за греење.

Ректорот Нинослав Марина истакна дека се работи за нов концепт во образованиот систем во Македонија, преку создавање универзитетски кампус според примерите на современите образовни центри во светот, каде покрај одвивањето на наставата ќе бидат и сместени студентите.

Во рамки на проектот за изградба на универзитетскиот кампус предвидена е и адаптација на другите објекти од поранешниот армиски гарнизон „Генерал Михајло Апостолски“, како и изградба на спортска сала.

По посетата на новите простории, заменик министерот Ристовски присуствуваше и на свечената академија по повод почетокот на новата академска година, а исто така, ја додели и првата магистерска диплома издадена од универзитетот.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook