Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во нашата земја Н. Е. Омур Солендил.

На оваа средба, министерот Адеми и амбасадорот Солендил оценија дека соработката меѓу двете земји во областа на образованието е добра и дека во иднина нема да недостасуваат заложбите за интензивирање на меѓусебната соработка.
Соговорниците оценија дека успешната соработка во високото образование меѓу универзитетите од двете земји, размената на искуства во сите нивоа, заедничкото учество во научни меѓународни конференции ќе влијаат во развојот на образованието и науката.

Министерот Адеми им се заблагодари за поддршката на Турција во областа на образованието и науката, особено им се заблагодари за поддршката на националната агенција ТИКА.
Турскиот амбасадор во земјава Омур Солендил истакна дека неговата земја ќе ја поддржи Република Македонија во развојот на сите процеси во областа на образованието и науката .

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook