Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Муса Џафери и министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми денес го посетија ОУ „Васил Главинов“ во с. Сливник, општина Велес, објект кој се финансира од буџетот на МОН.

„Денес сме тука да видиме како се одвива изградбата на новиот објект на училишната зграда во с. Сливник, која беше барање на жителите од ова село. Овој проект е во вредност од 5.3 милиони денари, а се предвидува работите да бидат завршени за пет месеци, ние се надеваме и постојано сме во контакт со компанијата со цел да се забрза работата и објектот да биде готов за почетокот на новата учебна година. Исто така за истото училиште дадовме согласност и за вработување на еден наставник. Ние како министерство и како Влада ќе бидеме отворени за реализација и на други нови проекти кои ќе бидат добредојдени за жителите “ истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Тој додаде дека МОН ќе ги реконструира и санитарните јазли во гимназијата во Велес.

„Имајќи предвид дека денес сум тука меѓу Вас, сакам да ја искористам можноста и да ви објаснам дека министерството ќе ги реконструира и санитарните јазли во гимназијата во Велес. Исто така сакам да ги поттикнам учениците Албанци да се запишат во паралелките со настава на албански јазик во Велес. Доколку е потребно министерството ќе го прошири бројот на паралелките“ рече министерот Адеми.

Заменик - премиерот Џафери истакна дека Владата на Република Македонија ќе продолжи со имплементација на различни проекти со цел да се создадат подобри услови за граѓаните.

„Денес дојдовме тука од блиску да видиме како се одвиваат работите за изградба на училишната зграда , овој објект на учениците ќе им овозможи подобри услови да го продолжат наставниот процес . Освен овој проект ќе продолжиме со реализација и на други проекти во овие населени места, како што е водоводот тука во с. Сливник и многу други проекти“ истакна Џафери.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook