Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска оствари средба со директорите на институтите за историја и култура на Албанците во Скопје, Тирана и Приштина - Скендер Асани, Беќир Мета и Сабит Сила.

- Разговаравме за заеднички проекти и активности на трите институции, затоа што историјата и спецификите на албанскиот народ во целина се исти и овие три институти мора да работат заедно, се со цел да ги промовираат позитивните вредности и историјата на албанскиот народ, вклучувајќи го и албанскиот народ во Република Македонија, рече Адеми.

Министерот Адеми, по средбата изјави дека на парцели во касарната „Илинден” во Скопје ќе се гради нов објект на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје и објект за потребите на Државниот универзитет во Тетово.

- Објектите ќе се градат во поранешната касарна „Илинден”. Детаљниот урбанистички план е при крај и се очекува да биде усвоен за 30 дена во општините Чаир и Карпош, затоа што парцелите се во двете општини. Кога ќе се усвојат, Министерството за образование и наука ќе подготви проекти за објектите и оваа година се очекува и да почне изградбата. Ќе се создадат подобри услови за работа на овој институт и се надевам дека тој како најмлада институција во Македонија ќе стане релевантна за историјата на албанскиот народ и ќе придонесува во општествениот живот, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook