Министерството за образование и наука информира дека во тек е исплатата на паричните награди за учениците од основно и средно образование и нивните наставници ментори, кои во текот на учебната 2014/2015 година освоиле прво место на државен натпревар, организиран од здружение на наставници кое е акредитирано за организирање на соодветен натпревар, од страна на Министерството.  

До овој момент, на вкупно 36 ученици и наставници ментори кои аплицирале во Министерството за исплата на средства по основ на освоено прво место на државен натпревар, ќе им бидат исплатени парични награди од по 10.000 денари.  

Министерството за образование и наука им се заблагодарува на сите ученици коишто учествуваа на училишните натпревари во оваа учебна година, им честита на победниците и ги охрабрува и во иднина да земат учество и да конкурираат со своето знаење на овие натпреварувања.

Инаку, потребните документи (барање за исплата на средства; копија од диплома за освоено прво место на државен натпревар и копија од трансакциска сметка) за остварување на правото на исплата на парична награда по основ на освоено прво место на државен натпревар, учениците и наставниците ментори ги доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака “за исплата на средства за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници“.

Листата на акредитирани здруженија на наставници, можете да ја погледнете тука.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook