Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска, во Битола го посетија основното училиште „Коле Канински“, кое неодамна беше реконструирано како дел од мерките на Владата за подобрување на инфраструктурните услови во образованието.

Во ОУ „Коле Канински“ беа инвестирани 8,5 милиони денари, со што во последниот квартал на минатата година се изврши замена на прозорите, вратите и подот.

Во рамки на посетата на битолско – ресенскиот регион, премиерот Груевски, заменик министерот Ристовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, пуштија во употреба повеќенаменско спортско игралиште во општина Новаци, инвестиција на Агенцијата за млади и спорт.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook