Веднаш по формирањето на новата Влада, министерот за образование и наука, г-дин Абдилаќим Адеми, со цел да се запознае со состојбата во високото образование, со посебен акцент во приватните образовни установи, одлучи да формира посебна комисија за скенирање на состојбите во оваа сфера.

Овој процес обезбеди целосна слика за високото образование, особено на приватните универзитети,  со цел да се изградат политики кои ќе имаат вистинска поддршка и истите да служат за унапредување на образованието во земјата и да се обезбедат услуги и поквалитетни студиски профили, во согласност со побарувачката на пазарот на труд дома и во странство.

Имено, комисијата ги дефинираше индикаторите за мерење на квалитетот на универзитетите и усвои методологија за скенирање на работата на високообразовните институции во Република Македонија. За ова се известени и сите приватни универзитети во земјата. Во рок определен од страна на МОН сите универзитети одговориja на барањата на Комисијата со пополнување на соодветната документација и формулари за овој процес.

Информираме дека сите претставници на четиринаесет приватни високообразовни институции во Република Македонија ja поздравија оваа иницијатива на МОН за подигање на квалитетот на високото образование во земјата и соработуваа на коректен начин.

По завршувањето на првата фаза (комплетирање на податоците од приватните институции во високото образование), Комисијата ги посети сите засегнати институции, и во соработка со нив, сега веќе е комплетирана целокупната документација.

Од извршената контрола констатирани се и нерегуларности, како технички така и суштински, кои, како такви, се очекува наскоро да се надминати.

Известуваме дека по завршувањето на овој процес, министерот за образование и наука, г-дин Абдилаќим Адеми, ќе се сретне со сите претставници на приватните високообразовни институции и ќе ја информира јавноста во врска со затекнатата состојба и надминување на евидентираните неправилности.

Истовремено МОН изготви и план за годишна редовна ревизија на јавните универзитети во земјата, со иста цел - унапредување на образовниот процес и надминување на евентуалните нерегуларности.

МОН оценува дека оваа е најреалистичкиот пристап за констатирање на состојбата во високото образование во земјата и создавање на реални политики, кои како такви ќе бидат во функција на високообразовните институции, но и за задоволување на потребите на пазарот на трудот.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook