Министерството за образование и наука информира дека прашањата коишто ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање за учениците од завршните години во средното образование, се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Јавниот базен содржи 50 400  прашања, за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети, а се достапни на македонски, албански и турски јазик. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 50 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 100 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 150 прашања.

Секој ученик може на едноставен начин, преку менито на интернет страница prasanjaeksterno.dic.edu.mk, да ги обезбеди оние прашања по предметите коишто го засегаат.

Исто така, отворена е и можноста на секое прашање доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја во предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање.  

За други прашања или сугестии коишто не се поврзани со содржината, односно со технички корекции на прашања, може да се испрати мејл на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на што операторите од Државниот испитен центар ќе одговорат во најкраток можен рок. Оваа можност ќе биде достапна до 6 јануари 2015 година, по што, откако ќе бидат вметнати сите издржани забелешки, повторно ќе биде креирана и објавена финалната база на прашања.

Вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта ќе полагаат од 26 до 30 јануари, додека 3 дена претходно секој ученик ќе биде известен по кои 2 предмети ќе биде тестиран. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.
Дополнително, процесот на екстерното тестирање во оваа фаза ќе опфати и 3.923 наставници по 2.622 предмети.
 
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар остануваат максимално транспарентни во реализацијата на процесот на екстерното тестирање, чијашто единствена цел е подигнување на објективноста на оценувањето на наставниците и подигнување на квалитетот на знаењето на учениците.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook