Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 15 целосни стипендии за македонски државјани кои ќе одлучат да се запишат на додипломски или постдипломски студии за изучување на старотурскиот јазик, на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии.

Стипендиите подразбираат покривање на трошоците за уписнина, месечен паричен надоместок и трошоците за авионски билет, а се иницирани од реалната потреба на Република Македонија за стручен кадар кој ќе работи на превод и толкување на голем број стари документи и ретки ракописи кои ги има во македонските, но и странските достапни архиви, во библиотеките, како и во имотните книги, а се напишани на старотурски јазик.

Кандидатите за стипендирање на додипломските студии за изучување на старотурскиот јазик треба да имаат завршено четиригодишно средно образование; да се примени на додипломски студии од прв циклус, за прв пат во прва година во академската 2014/2015 година на некој од универзитетите каде овој јазик се изучува и да не се корисници на стипендија од други даватели.

Кандидатите за стипендирање на постдипломски студии, потребно е да имаат диплома за завршен прв циклус на студии во траење од три, односно четири години во земјата или странство, за што, за странска диплома е потребен документ за нострификација; да се примени на академски студии од втор циклус, прв пат во прва година во академската 2014/2015 година на некој од универзитети каде овој јазик се изучува и да не се корисници на стипендија од други даватели. Предност во добивањето стипендија имаат кандидатите коишто студирале на некоја од студиските програми по историја.

Сите подетални информации за потребните документи, условите и критериумите за аплицирање се наведени во конкурсот, кој е објавен на специјализираниот интернет портал за доделување стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за аплицирање, односно доставување на потребната документација до Министерството за образование и наука, на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од прв  или  втор циклус во странство)  е 31 март 2015 година.

По однос на апликациите ќе одлучува посебна Комисија формирана за оваа намена, при што, за донесената одлука кандидатите ќе бидат известени најдоцна 15 дена по завршување на конкурсот.  

Кандидатите коишто ќе добијат стипендија за додипломски или постдипломски студии за изучување на старотурскиот јазик, ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука, со кој, истите се обврзуваат да работат најмалку 10 години во Република Македонија по завршување на студиите, за што државата им гарантира соодветно работно место во Државниот Архив на Република Македонија, Институтот за национална историја, Македонската академија на науки и уметности или друга соодветна институција.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook