- Владата на Република Македонија е цврсто убедена од потребата и не отстапува од спроведување на реформи чија крајна цел е напредување на образованието на сите нивоа во предучилишно, основно, средно и високо образование, односно застапување на концептот за висококвалитетни квалификации.

- Република Македонија нема богати природни ресурси и затоа во глобалната светска економија и современите потреби на пазарот на труд единствено може да конкурира со високо квалитетни и силно образовани кадри.

- Целта на предложените реформи во образованието е креирање на стабилно јадро на едуцирани граѓани кои ќе бидат движечка сила на социо-економскиот развој.

- Државниот испит во високообразовните установи е една од тие мерки која се применува во голем број земји кои се карактеризираат со брз и стабилен економски развој. Предлог решението за државен испит кое ние го нудиме е прилагоден на карактеристиките на системот на високото образование во Република Македонија.

- Со пакетот педагошки реформи се предвидува зајакнување на капацитетите на постојниот и идниот образовен кадар во предучилишно, основно и средно образование, преку основање на Академија за наставници, унапредување на наставните програми за едукација на наставници, воведување на систем на континуирана обука.

- Предвидуваме професионален и кариерен развој на наставниците преку прецизирање на категориите наставник ментор и наставник советник, придружен со дополнителен финансиски стимул, односно зголемување на месечната плата на наставниците.

- Предлагаме воведување на систем на лиценцирање на наставниците кој ќе биде задолжителен за иднините наставници, но нема да биде задолжителен за постојните наставници, кои ако сакаат да поминат низ процесот на лиценцирање, платата ќе им биде зголемена за 3000 мкд месечено.

- Нашата обврска образованието на идните генерации да им биде доверено на најдобрите наставници, ќе го постигнеме преку селекција на најдобрите студенти уште за време на примениот испит и нивно континуирано стимулирање со стипендии за остварување на подобар успех. За најдобрите студенти на педагошките факултети и наставните насоки висината на стипендијата ќе изнесува најмалку 50% од просечната нето плата во земјата, а висината на стипендијата за време на стручната едукација на Академијата за наставници ќе изнесува 100% од просечната месечна нето плата.

- Предлагаме и нов концепт за едукација и селекција на квалитетен менаџерски кадар кој ќе ги води училиштата, преку квалитетна обука и полагање на испит за директор, транспарентност во полагањето на испитот и задолжителна континуирана образовна надградба.

- Очекуваме квалитативни сугестии чија крајна цел ќе биде да ги донесеме најквалитетните решенија за подобрување на образовниот систем во нашата земја.

 

 

Коментарите по однос на предложените реформи, можете да ги доставите на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook