Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на промоцијата на Стратегијата за претприемачко учење 2014-2020, која предвидува конкретни активности со кои се очекува зголемување на бројот на конкурентни мали и средни претпријатија.Ристовски во своето обраќање истакна дека со усвојувањето на Стратегијата, Владата презема уште еден сериозен чекор кон зацврстување на економскиот раст.

„Првичните активности што ќе се преземат вклучуваат интегрирање на резултатите од претприемачкото учење, како клучна компетенција во националната наставна програма на сите нивоа на образование и подигнување на свеста за важноста на претприемачкото учење меѓу целото население. Крајната цел е да се зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе се оспособат за целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата“ рече Ристовски.

На презентацијата на Стратегијата за претприемачко учење 2014-2020 присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој нагласи дека претприемачкото учење е камен-темелник за одржлив економски раст и развој и за отворање нови работни места.

„Неоспорен факт е дека нема поисплатлива среднорочна и долгорочна инвестиција од онаа во претприемачкото учење. Развивајќи го претприемачкиот дух кај младите, создаваме мотор што во иднина ќе ја движи напред македонската економија и на европскиот и на глобалниот пазар“,рече Иванов.

Стратегијата е изработена на иницијатива на Министерството за образование и наука, а во соработка со повеќе релевантни институции. Министерството ќе биде и координатор на меѓуресорската група за претприемачко учење.

 

Стратегијата може да се превземе тука:

- МК верзија

- SQ верзија

- EN верзија

- Акциски план за претприемачко учење за 2016- 2017 година

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook