Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на Меморандумот се обврзаа на реализација на проектот на УСАИД  „Деца со пречки во видот“ кој  ќе се спроведе во едно основно и  едно средно училиште во Тетово, Охрид, Битола, Штип и во Државното училиште за ученици со оштетен вид „Димитар Влахов “ во Скопје. Адеми истакна дека целта на соработката е да се подобри и зголеми степенот на  писменост кај овие деца со употреба на Браевата азбука.

„Ние како Министерство, на Универзитетот ќе му обезбедиме одобрение за пристап до учебниците за учениците во основните училишта во Република Македонија. Станува збор за учебници кои се одобрени за нивна употреба и чиј издавач е министерството, а истите можат да се најдат во електронска форма на порталот e-ucebnici.mk. Во соработка со Институтот за дефектологија од Скопје,  со слепите и слабовидни лица, ќе работат дефектолози, ќе одржуваат часови, во училиштата во четирите општини во кои ќе се реализира проектот „Деца со пречки во видот““, рече Адеми.

Министерот додаде дека двете институции заедно ќе работат на имплементацијата на проектот „Деца со пречки во видот“ кој е од исклучителна важност за за слабовидните лица и лицата со оштетен вид, со цел унапредување на образовниот процес со содржини кои ќе бидат прилагодени на нивните можности и посебни образовни потреби.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook