Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на денешната свечена академија по повод патрониот празник и јубилејот - 35 години од основањето и делувањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Обраќајќи им се на присутните, заменик министерот истакна дека Универзитетот „Св. Климент Охридски “ е дел од мрежата на високообразовни установи во земјата, кои следејќи ги светските образовни трендови континуирано ги надградуваат стандардите за квалитет од мултидимензионален аспект.

„Најдобар показател за тоа е фактот што, согласно двете досега спроведени национални рангирања од страна на Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет од Народна Република Кина, како водечка светска институција за рангирање на високо образовни установи, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ се вбројува помеѓу најдобрите 5 високо образовни установи во земјата ", истакна Ристовски и додаде дека ова е доволен мотив за Владата и Министерството да продолжат со интензивирање на поддршката кон овој универзитет кој со својата образовна, научна и културна дејност придонесува за развојот на современото македонско општество и кој во своето 3,5 децениско постоење едуцирал повеќе од 37.000 студенти , односно додипломци и магистри и преку 200 доктори на науки.

На свеченоста, заменик министерот Спиро Ристовски од името на Претседателот на Владата на Република Македонија и МОН ги подигна плакетите кои универзитетот ги додели во знак на благодарност за досегашниот придонес и поддршка. Заменик министерот Ристовски на присутните професори и студенти им го честиташе јубилејот со уверување дека овој универзитет е визија за иднината и на многу нови генерации кои се стремат кон членство во академската заедница.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook